среда, 20 мај 2026

Личните предмети на Метју Пери ќе се продаваат на аукција во јуни

Предмети што му припаѓале на покојниот актер Метју Пери, од уметнички дела на Бенкси до сценарија на популарната телевизиска серија „Пријатели“, ќе се продаваат на аукција во Соединетите Американски Држави во јуни, пренесува Франс прес.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Актерот, кој го играше Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, беше пронајден мртов во 2023 година на 54-годишна возраст, откако јавно проговори за својата борба со зависноста.

Како дел од третман за депресија тој земал кетамин под медицински надзор. Сепак, овој легален анестетик понекогаш се злоупотребува, а Пери повторно станал зависен во есента 2023 година, покажа истрагата.

На аукцијата ќе бидат понудени околу 130 предмети, вклучувајќи го неговиот омилен часовник, спомени од детството, дела од уметникот Бенкси и сценарија од серијата „Пријатели“.

„Тоа е мешавина од разновидни предмети од животот на актерот“, изјави Роберта Крамер од аукциската куќа Херитиџ аукшнс, која ја организира продажбата.

„Тука има предмети поврзани со неговата работа на „Пријатели“ и други серии и филмови, но исто така и многу многу лични работи, од детството до зрелоста“, додаде таа.

Целта на аукцијата е да се соберат средства за Фондацијата Метју Пери, организација која им помага на луѓето кои се борат со зависност.

Според Крамер, актерот ја основал фондацијата за да го искористи својот „статус на ѕвезда и искуство со зависноста од дрога за да им помогне на другите“.

Неколку лица се осудени во случајот поврзан со смртта на актерот, вклучувајќи ја Џасвин Сангу, дилер на дрога позната како „кралица на кетаминот“, која му обезбедувала анестетик на Пери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ