четврток, 21 мај 2026
Време

За продолжениот викенд нестабилно време со поројни врнежи од дожд и силен ветер

Утре и за време на продолжениот викенд времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава.

Објавено на

часот

Сподели

Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер над 50 километри на час. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со обилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер над 60 километри на час.

Се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пообилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер со брзина над 60 километри на час.

Утрово најниска температура е измерена во Маврови Анови и Лазарополе, четири Целзиусови степени, а највисока во Гевгелија, 17 степени. На Попова Шапка пет,  во Берово шест, во Охрид и Крива Паланка седум, во Битола, Kрушево и Претор осум, во Тетово девет, во Прилеп, Демир Капија и Виница десет, во Скопје-Петровец и Штип 11, во Струмица 12, во Велес, Куманово и Кавадарци 13, во Скопје-Зајчев Рид 16 и во Гевгелија 17.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ