Менаџерот јавно се извини и на кралското семејство и на слушателите.
“Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, прилогот за смртта на монархот, кој сите станици во Велика Британија го чуваат подготвен, надевајќи се дека нема да биде потребен, случајно беше активиран во вторникот попладне и погрешно беше објавено дека неговото величество кралот починал”, изјави Мур во објава на социјалните мрежи, пренесува Скај њуз.
Тој рече дека радиото потоа ја прекинало програмата и дека откако програмата продолжила, било прочитано извинување.
“Се извинуваме на неговото височество кралот и на нашите слушатели за евентуалните непријатности”, рече Мур.
Инцидентот се случил додека кралот и неговата сопруга, кралицата Камила, биле на патување во Северна Ирска, каде што присуствувале на настап на фолк група, гледале играорци и пиеле ирско виски во квартот Титаник во Белфаст.
Радио Керолајн, со седиште во Малдон, Есекс, е основано во 1964 година и е поранешна пиратска радиостаница, според неговата веб-страница и профилите на социјалните мрежи.






