четврток, 21 мај 2026

„Никогаш не се расправај со идиоти“ – збирка колумни на Звонимир Јанкулоски

Денескa со почеток од 19 часот во кафе барот Салун во Скопје ќе се одржи промоција на новата книга на професорот д-р Звонимир Јанкулоски, насловена како „Никогаш не се расправај со идиоти“.

Објавено на

часот

Сподели

Книгата е избор на ангажирани тематски колумни пишувани во последните 30 години и е уникатен интелектуално креативен отпечаток на авторот за времето на нивното создавање. Колумните во книгата се и мемориски фолдер – мемориска капсула на размислувања за теми со кои, како што пишува авторот во предговорот, ја брани демократијата од можноста да развие тиранија над умот и слободниот говор.

Книгата на колумни е полемика на авторот со самиот себе и разговор со луѓето на теми што ги допираат тековните сосотојби и горливите прашања во општеството од независноста на државата до денес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ