Напад на полицаец бил пријавен и во село Сингелиќ, скопско. Полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Р., затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и затоа што се заканувал со остар предмет на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Утрото на 20 мај 2026 годин, три часа после полноќ, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник затоа што во Градскиот парк на подрачјето на Карпош го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
„При извршени проверки над него, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, информираа од МВР.






