Во првиот случај, 66-годишен скопјанец пријавил дека неговиот 18-годишен син бил физички нападнат на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, инцидентот се случил на 14 мај претпладне, а како напаѓачи биле посочени 18-годишник од скопското село Трубарево и уште еден 17-годишник.
„Таткото навел дека неговиот син подолг временски период бил вознемируван од истите лица во кругот на средното училиште каде што учеле, како и дека случајот претходно бил пријавен во училишната служба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.
Во вториот случај, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека подолг временски период добивала вознемирувачки пораки од 42-годишен скопјанец.
Од СВР Скопје велат дека и за овој случај се преземаат мерки и активности со цел утврдување на сите околности и понатамошно постапување.






