„Сега е некаде околу 770 милиони денари годишно, поддршка за нашите научници, истражувачи. Но, не е само тоа. Како Влада исто така овозможивме бесплатен достап до две научни бази на часописи, тоа се ‘Веб оф сајанс’ и ‘Скопус’ коишто исто така се за прв пат обезбедени од страна на Владата, да бидат со бесплатен достап за да можат научниците, истражувачите да ги користат кога создаваат свои научни трудови. Така што апсолутно продолжуваме да вложуваме и во науката и тоа е наш прв приоритет“, рече Мицкоски.
Mицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката споредено со 2024
Во науката, исто така покрај овие инфраструктурни, би рекол капитални инвестиции, ако се спореди буџетот оваа година со оној од 2024, ќе дојдете до двојно зголемување, изјави денеска претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавите за зголемени инвестиции во образованието и што ќе значи тоа конкретно за образовната заедница.

Објавено на
часот





