„Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Ммислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена одлука, тие измени ќе се направат и останува глобата од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно – и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање.
Министерката Јаневска ги најави законските измени пред два дена посочувајќи дека мора да се создаде безбедна училишна средина откога во изминатиот период јавноста е сведок на неколку случаи на врсничко насилство, од кои последниот во основното училиште „25 Мај“ во Ченто кога со остар предмет беше повреден 15-годишен ученик.






