четврток, 21 мај 2026

Алмодовар остро за Трамп: „Уметниците имаат должност да им се спротивстават на чудовиштата“ (ВИДЕО)

Шпанскиот режисер, добитник на Оскар, Педро Алмодовар ги повика уметниците на Канскиот филмски фестивал отворено да зборуваат за општествените кризи, велејќи дека нивна морална должност е да бидат штит против „чудовишта“ како што е американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Творецот од својата мала платформа мора да зборува без двоумење. Тишината и стравот се многу лош знак и претставуваат знак за ерозија на демократијата“, рече Алмодовар на прес-конференција по премиерата на неговиот филм, трагикомедијата „Горчлив Божиќ“.

Тој додаде дека уметниците имаат обврска да станат еден вид штит против лидери како Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху или рускиот претседател Владимир Путин.

„Трамп мора да знае дека постои граница за сите негови заблуди и лудило и дека Европа никогаш нема да се поклони пред неговата политика“, рече познатиот шпански режисер.

Алмодовар се натпреварува за главната награда на фестивалот, Златната палма, по шести пат со својот нов филм, главната улога ја игра Леонардо Сбараља, кој игра режисер кој користи детали од сопствениот живот за да напише ново сценарио, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ