четврток, 21 мај 2026

Од утре вакцинација со трета доза за лицата над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести

Објавено на

часот

Сподели

Што се однесува до процесот на скрининг во училиштата, како шт рече, тој ќе почне најверојатно за две недели.

„Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат, притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата ‘Борис Трајковски’, во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата”, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, за скринингот во училиштата, тој кажа дека најверојатно ќе започне за две недели.

„Ќе започнеме со обезбедување согласност од родителите и понатаму ќе ја презентираме и методологијата. Јас верувам дека подготовката во текот на следнава недела ќе заврши и дека од таа недела потоа ќе го започнеме процесот на тестирање. Сакам да кажам дека целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители на вирусот”, изјави Филипче. 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ