„Во процедура е разгледувањето на вработувањата, се вршат анализи. За кратко состојбата ќе биде појасна“, изјави Грозданов.
Според законските прописи, потребниот број професионални пожарникари во ТППЕ – Кочани треба да изнесува 33, имајќи предвид дека единицата ги покрива и териториите на општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Во моментов ТППЕ Кочани брои само 17 пожарникари.
-Советот на Општина Кочани донесе одлука со која се подржува вработување на пет нови пожарникари. Мислам дека се работи на обезбедување средства за тие вработувања – рече за МИА командирот на кочанската противпожарна единица, Драган Апостолов.
Официјалните податоци од извештајот на територијалната противпожарна единица велат дека од почетокот на оваа календарска година заклучно со 20 мај, направени се 119 интервенции.
Во текот на минатата година, пожарникарите од ТППЕ – Кочани интервенирале вкупно 315 пати.






