четврток, 21 мај 2026

„Доверете ни го вашето здравје“, Светски ден на фармацевтите

Објавено на

часот

Сподели

„Довербата е клучен сегмент од човечките односи и основен елемент од социјалниот капитал. Довербата е, исто така, од суштинско значење во процесот на здравствената грижа. Постои значајна корелација помеѓу довербата во здравствените работници и резултатите од лекувањето на пациентите. Анкетите покажале дека во различни клинички оддели, со поголемата доверба во здравствените работници, пациентите изразиле поголемо задоволство од лекувањето и покажале многу поповолни здравствени резултати, а пројавиле и помалку симптоми и поголем напредок во квалитетот на животот”, пишува во соопштението од Комората.

Во него се додава дека бројните истражувања со години наназад, во континуитет ги сместуваат фармацевтите меѓу петте најдоверливи здравствени работници.

„Исто така, и едукаторите се постојано во првите пет, и, според најновите истражувања, научниците се едни од најдоверливите луѓе во светот. Фармацевти, едукатори и научници. Тоа е нашата фармацевтска професија”, се наведува меѓу другото во соопштението од Фармацевтска комора на Македонија.

Исто така, се додава дека во време кога владее несигурност кон вакцините, јавната доверба е од најголемо значење од кога било досега.

„Ние фармацевтите даваме совети поткрепени со најновите научни докази. Ние можеме аргументирано да им се спротивставиме на антиваксерите и да ја зголемиме довербата кон вакцините во полза на нашата заедница”, велат од Комората.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ