четврток, 21 мај 2026

Николоски: Брзата пруга од Богородица до Табановце не го бриши проектот Вардарска долина

Проектот за брзата пруга е почнат уште минатата есен, но во рамки на оваа една година го правиме најбитниот дел во еден проект кој што е најмалку атрактивен за јавност – а тоа е делот кој значи добро планирање, геотехнички истражувања,  истражување за влијание врз животната средина, истражување за влијание во средината каде што живеат луѓето, археолошки наоѓалишта…, изјаво синоќа за ТВ Сител вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако не направите добар план, ќе ви се случи Охрид-Кичево. И затоа го правиме овој план, рокот е некаде околу една година, за после кога ќе ги видиме, првите багери на терен, она што е видливо за граѓаните, навистина да заврши проектот за пет години. Така што рокот кој што првично го дадовме останува и во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција двоколосечно“, рече Николоски.

Тој нагласи дека проектот Вардарска долина на ниту еден начин нема да биде засегнат со трасата која ќе ја опфаќа брзата пруга и додаде дека оваа или некоја идна влада ќе може да ги реализира предвидените хидроцентрали доколку е тоа исплатливо.

За брзата пруга истакна дека ќе чини околу 10 милиони евра по километар и додаде дека новата траса, која нема совпаѓање со постоечката пруга ќе биде и пократка од неа.

„Цената по километр треба да е нешто под 10 милиони евра, што е релативно компетитивно, имајќи предид дека се работи за дупла двоколосечна пруга, што значи дека целиот проект некаде треба да чини околу 2 милијарди евра. Сегашната пруга од граница со Србија до граница со Грција е 235 километри, но новата, затоа што ќе користи една доста поправа линија, ќе е нешто под 200 километри“, рече Николоски.

Тој нагласи дека се работи многу сериозно, но додека сите овие работи не се завршат, посочи, немам право да ги откривам во јавност.

„Но, ќе кажам еден мал детал – тимовите со кои што работиме и врвните светски компании со кои што работиме, пропорачани од Велика Британија, понудија девет рути и од девет рути се избра една која што е најдобра. Можете да замислите со која сериозност се пристапува кога се нудат девет рути, девет решенија и после врз основа на тоа се прави анализа која е најдобрата и се избира една која што е најдобра“, посочи Николоски.

Тој прецизира дека на грчка страна веќе од Атина до Солун има брза пруга, а во моментов има тендерирање за пруга од Солун до границата со Македонија. На српска страна, како што кажа, веќе ја пуштија во функција пругата Белград-Будимпешта како брза пруга, во моментов се работи Белград-Ниш и работат на изнаоѓање на средства за делот од Ниш до Скопје.

За проектот за градскиот воз во Скопје рече дека добро напредува.

„Јавното претпријатие Железници инфраструктура одлично го работи овој проект. Во напредна фаза е, очекувам во тек на месец јуни да биде завршена пругата, јули и август ќе ја користиме за тестирање, за веќе на 1 септември да може да стартува. Секако дека ќе има исплатливост, затоа што картата ќе е со доста атрактивна цена за граѓаните кои што ќе го користат градскиот воз. Дали ќе го користат или не, на крај останува на нив. Наша работа е да ги создадеме сите услови за да може да се користи. Јас се надевам дека граѓаните ќе го користат затоа што граѓаните од приградските населби на најбрз можен начин ќе можат да стигнат до центарот на градот. И да се стигне на време, затоа што точно ќе може да се пресмета за колку време се стигнува. Сега на пример, ако тргнете од Зелениково или од Драчево, вие не можете да пресметате за колку време ќе стигнете во центарот на Скопје, не знаете каква гужба ќе ве затекне по пат, а овде јасни ќе бидат тајминзите“, истакна Николоски.

Јавното претпријатие Железници инфраструктура, додаде е при крај со завршување на бајпасот на Скопје, кој што треба да оди од Драчево, северно кон Илинден и кон Миладиновци.

„Тоа е бајпас кој што ќе е за карго сообраќајот, со цел карго локомотивите да не влегуваат низ центарот на Скопје и ќе забраниме дизел карго локомотиви со цел да се заштити животната средина. Само електричните ќе можат да оперират. За тоа всушност и почнавме постапка заедно со Европската банка за обнова и развој за набавка на нови електрични локомотиви“, потенцира Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ