четврток, 21 мај 2026

Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска

На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи денека и утре во Хелсингборг, Кралство Шведска.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на состанокот, министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со инвестициите во одбраната, состојбите во Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и за други актуелни регионални и глобални безбедносни предизвици.
Разговорите ќе се одвиваат и во контекст на подготовките за Самитот на НАТО во Анкара, што ќе се одржи во јули оваа година, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата.
Во рамки на посетата, на покана на министерката за надворешни работи на Шведска, Марија Малмер Стенергард, министерот Муцунски ќе присуствува на прием за министрите во присуство на кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија на Шведска, а предвидено е да оствари и повеќе билатерални средби.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ