понеделник, 27 април 2026

Со нова фризура и нов број: Атлетико го промовираше Гризман (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Во последните мигови од преодниот рок, Антоан Гризман се врати во Атлетико Мадрид, „колчонероси“ го ангажираа напаѓачот на позајмица (1+1 година) со обврска во целост да го откупат.

Антоан Гризман тогаш беше на должност со Франција, па неговата промоција се случи денеска. Во скромно издание, без спектакл, напаѓачот со нов имиџ се појави на „Ванда Метрополитано“ во дружтво на претседателот Енрике Серезо.

За втората авантура во дресот на „колчонероси“, Антоан Гризман ќе има нов број и ќе ја носи 8-ката, која претходно му припаѓаше на Саул Нигез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ