„Можев да го видам оној настан, што вчера го организираше СДСМ во рамките на македонското Собрание и да ја слушнам таа изјава од претседателот на СДСМ. Јас само ќе ве потсетам, мислам дека на овој билборд овдека стоеше 2018-та година, кога го менуваа името на насилен пат, стоеше дека ќе имаме подобро образование или здравство. Мислам дека токму на овој билборд овдека беше.
Донесоа ли, кога го сменија името? Донесоа ли бесплатно здравство, донесоа ли поквалитетно образование, подобра економија, повисоки пензии, повисоки стипендии, донесоа ли? Не, само неколкумина од голтари станаа милионери. Ете тие исти голтари коишто станаа милионери, денеска без ни малку срам излегуваат пред македонските граѓани и им велат уште еднаш ќе ве клекнеме на колена ако ни дадете можност, уште еднаш ќе играме на вашето достоинство, уште еднаш ќе чепкаме по вашата душа, ама ние уште некој милион ќе заработиме со тоа што бел лист хартија ако ни стават на маса, ќе го потпишеме. Кои се фактичките резултати? Фактичките резултати се следни, денеска имаме пензионери коишто како никогаш досега, добија линеарно зголемување на пензијата. Денеска имаме млади коишто во рака имаат електронски уред од коишто 250 евра, како никогаш до сега, субвенционираше Владата. Се реконструираат студентските домови, коишто тие ги оставија полни со шут и со градежен материјал недопрени 7 години. Еден од нив, очекувам оваа година да биде пуштен во функција со зголемени средства за топол оброк, со зголемени стипендии.
Земјоделците, тие најдоа да зборуваат за земјоделците. Па 30% имаат повисок род сега, затоа што ако ништо друго, оваа Влада обезбедува редовно снабдување со вода, тоа што тие не беа способни да го направат. А да не зборувам за платите коишто ги оставија не исплатени во Национални шуми и во АД Водостопанство на Македонија.
Вработените во образование и здравство, тие ли најдоа да зборуваат за вработените во образование и здравство. Здравствената Стабри политика на Венко Филипче и Зоран Заев добро ни е позната. Кога компании лиценцирани за трговија со овошје од Јужна Америка, требаше да набават вакцини во екот на Корона кризата по три пати повисоки цени, од најскапите коишто во тоа време можевме на пазарот да ги најдеме. Ете таа политика е поразена и на следните избори ќе биде декласирана и веќе ќе немаат можност овие политичари да прават зулум на македонската политичка сцена. А политиката ќе ја водат одговорни луѓе. Луѓе патриоти, кои ја сакаат сопствената држава како и сопствениот народ“, изјави Мицкоски






