Додека некои луѓе постигнуваат одлични резултати со диета со низок удел на јаглехидрати, други со ист режим воопшто не напредуваат. Токму на тоа се обидува да одговори нутригенетиката, нова научна дисциплина која ја проучува врската помеѓу гените и исхраната.
Иако сме речиси 99,9 проценти генетски исти, мал дел од разликите во гените ја прават секоја личност единствена. Овие разлики влијаат на метаболизмот, апсорпцијата на витамини и начинот на кој телото ја обработува храната. Нутригенетското тестирање не нуди „магично решение“, туку помага исхраната да се прилагоди на поединецот.
Ваквите тестови можат да им помогнат на луѓето кои сакаат да ослабат, на спортистите кои сакаат да ги подобрат своите перформанси, како и на оние кои имаат семејна историја на болести како што се дијабетес или кардиоваскуларни проблеми. Резултатите може да покажат чувствителност на сол, лактоза, кофеин или начинот на кој телото користи одредени витамини.
Сепак, експертите нагласуваат дека гените не се пресудни. На здравјето подеднакво влијаат начинот на живот, стресот, сонот и исхраната. Затоа резултатите од тестовите треба да се толкуваат со помош на нутриционисти или експерти.
Нутригенетиката не ја одредува судбината, туку обезбедува персонализирани насоки што можат да ви помогнат подобро да го разберете сопствениот организам и да водите поздрав начин на живот.






