ОЛЕД технологија: „Чиста мрежа“ и нула компромиси
Кога ќе одекне првата судиска свирка во јуни, секој детаљ ќе биде пресуден. Благодарение на самоосветлувачките пиксели на Samsung OLED серијата телевизори, натпреварот ќе го гледате со таков интензитет што ќе ви се чини дека го чувствувате мирисот на тревата.
Без разлика дали ќе се одлучите за балансираниот и моќен 65″ S85F OLED 4K или за вистинскиот стадионски гигант 83″ S90F OLED 4K, веќе нема „сиви зони“. Црната е длабока како тишината на стадион по примен гол, а боите се толку живи што ќе ја видите секоја капка пот на челото на напаѓачот додека се мести за „слободен шут“.
ВИ процесор за акција без „сецкање“
Што е најважно кога резултатот е тесен? Движењето. Нема ништо пофрустрирачки од тоа сликата да ви „закочи“ или да се замати во моментот кога топката лета кон голот. Тука настапува NQ4 AI Gen2 процесорот. Со функцијата Motion Xcelerator, дури и најбрзите контри и спринтови се пренесени со неверојатна течност до 144Hz. Сликата е „чиста ситуација“. Нема заматување, нема доцнење. Вештачката интелигенција ја мапира секоја сцена за да бидете сигурни дека офсајдот (кој само вие го видовте од троседот) ќе биде кристално јасен.

Атмосфера како на трибина: Dolby Atmos и LaserSlim дизајн
Јунските термини на натпреварите знаат да бидат предизвикувачки, но OLED панелите на Samsung се направени да доминираат во секој простор. Моделот S90F со својот софистициран LaserSlim дизајн изгледа тенко и моќно, исто како врвен спортист во топ форма.
А за да се чувствувате како да сте меѓу најтврдото јадро на навивачи, тука е и звукот. Благодарение на Dolby Atmos, татнежот од трибините ве опкружува од сите страни. Со функцијата Object Tracking Sound, звукот ја следи топката по теренот, па точно ќе слушнете како одекнува стативата од „проектилот“ на омилениот фудбалер.

Време е за трансфер!
Оваа пролет, додека се прават „стратегиите“ кај кого ќе се гледаат натпреварите, донесете ја супериорноста кај вас. Изборот на Samsung OLED е потегот кој ќе ве направи херој на маалото.
Изборот е едноставен: можете да бидете обичен набљудувач со „диоптрија“, или можете да го доживеете Светското со сета моќ на Самсунг – бренд број 1 за телевизори 20 години по ред и Samsung OLED. Победата е кристално јасна, а штом еднаш ќе го погледнете фудбалот вака, нема враќање на старо. Играјте на сигурно!
Комерцијален текст






