понеделник, 27 април 2026

Арагчи во Русија: Американскиот пристап доведе до пропаст на преговорите

Иранскиот министер за надворешни работи денес ги обвини САД дека се одговорни за пропастот на мировните преговори во Пакистан, откако пристигна во Русија каде треба да се сретне со претседателот Владимир Путин.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Американскиот пристап доведе до тоа претходната рунда преговори, и покрај одредениот напредок, да не ги постигне своите цели поради прекумерните барања“, изјави Абас Арагчи, цитиран од иранските државни медиуми.

Тој исто така рече дека „безбедноста на преминот низ Ормускиот теснец е големо глобално прашање“, бидејќи САД и Иран продолжуваат да го блокираат стратешкиот воден пат. Иран преку пакистански посредници им даде предлог на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на војната, објави денес американската новинска организација Аксиос.

Иранскиот предлог ги одложува нуклеарните преговори за подоцнежна фаза. Американскиот претседател Доналд Трамп сака договорот да вклучува одредба дека Иран „не смее да има нуклеарно оружје, во спротивно нема причина за состанокот“.

Денес, Путин ќе го прими Арагчи, кој е на дипломатска мисија со цел да добие поддршка во конфликтот со Вашингтон. Надежите за оживување на мировните напори се намалија откако Трамп ја откажа посетата на Исламабад на своите пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, иако иранскиот министер Арагчи продолжи да патува меѓу посредничките земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ