Момчињата убедливо ја совладаа Србија со 30-19. Избраничките на Горан Кузманоски ја оправдаа фаворитската улога, откако уште на полувреме имаа водство од 14-10, а во вториот дел дополнително ја зголемија разликата и рутински ја заверија победата.
Во финалето Македонија ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Израел и Хрватска, кој се игра во 14:30 часот.
Потсетување дека и женската селекција веќе обезбеди финале, па Македонија ќе има двојна шанса за злато.






