петок, 24 април 2026

Новиот фолксваген Т-рок претставен во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во салонот на Фолксваген во Скопје се одржа македонската премиера на новиот Т-рок – модел кој претставува целосно нова генерација на еден од најуспешните кросовер автомобили на марката.

Објавено на

часот

Сподели

Со повеќе од 2 милиони продадени возила ширум светот, Т-рок се етаблираше како еден од клучните модели во кросовер понудата на Фолксваген. Новата генерација носи значаен чекор напред, комбинирајќи моќен дизајн, иновативни погонски системи и значително унапреден квалитет.

“Во светот на автомобилизмот, ретко кој модел успева за толку кратко време да стане икона на својата генерација. Но, Т-рок е токму тоа. Уште од своето појавување, тој не беше само нов кросовер во нашето портфолио, туку беше одговор на потребите на модерните возачи – оние кои бараат став, технологија и динамика во едно.

Ние во Порше Македонија сме исклучително горди што денес пред вас го презентираме неговото најново издание. Овој Т-рок доаѓа со уште поостар дизајн, повисоко ниво на дигитализација и квалитет кој го поставува стандардот во својата класа.” – изјави генералниот менаџер на Порше Македонија Златко Муцунски.

Новата генерација на Т-рок е развиена целосно од почеток и веднаш се издвојува со својот чист и динамичен дизајн. Карактеристичната силуета со купе-заден дел, но е дополнително нагласена со зголемените пропорции. Моделот е подолг за 12 сантиметри, што овозможува уште поизразен и модерен изглед.

Осветлувањето игра клучна улога во визуелниот идентитет. Стандардно доаѓа со ЛЕД светла, додека опционалните Ај-кју лајт ЛЕД матрикс светла се поврзани со осветлено лого на Фолксваген преку тенка светлосна линија. Задниот дел е заокружен со ЛЕД лента и осветлено лого, создавајќи препознатлив ноќен потпис.

Внатрешноста на новиот Т-рок е значително унапредена, со фокус на квалитет, удобност и дигитално искуство. Ново дизајнираниот кокпит вклучува информациско-забавен екран до 13 инчи (33 цм).

Материјалите се со висок квалитет, со меки површини и текстилна облога на инструмент таблата. Моделот презема технологии од повисоките класи, како што се новата генерација на системот за избор на режими на возење и хедап дисплеј кој ги проектира најважните информации директно на ветробранското стакло.

Со зголемената должина, новиот Т-рок нуди значително повеќе простор за патниците и багажот. Кабината е прилагодена за удобно патување на пет лица.

Багажниот простор е зголемен на 475 литри, што дополнително ја зголемува практичноста. За првпат, достапно е и „ергоактив“ седиште со 14 позиции и функција за масажа, што го подига нивото на комфор на ново ниво.

Новиот Т-рок вози на најновата платформа Ем-кју-би ево, што овозможува интеграција на најнапредни технологии и системи за асистенција.

Новиот Т-рок е достапен со модерни турбо бензински мотори со мајлд хиброд технологија од 28 волти технологија (1.5 еТСИ), со моќност од 115 и 150 коњски сили.

Новата структура на моделската понуда е појасна и поориентирана кон клиентите, со четири нивоа на опременост: лајф, стајл и Р-лајн.

Пакетите се оптимизирани за полесна конфигурација и подобра вредност за клиентите.

Од своето лансирање во 2017 година, Т-рок бележи континуиран успех. Само во изминатата година, речиси 300.000 купувачи во Европа го избрале овој модел.

Со над 2 милиони продадени возила до денес, Т-рок е еден од најуспешните кросовер модели на Фолксваген, веднаш по тигуан, и важен столб во стратегијата на марката за иднината.

Продажбата на новиот Т-рок веќе почна, во сите салони на Фолксваген во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ