Ременски во моментот на заминување бил облечен во црно дебело палто, темно-тегет фармерки и црни патики. Последен пат е забележан истиот ден околу 6 часот кај бензинската станица „Гама Оил“ во Валандово, движејќи се во правец кон Струмица, информираат од семејството од каде посочуваат дека Горан немал мобилен телефон ниту лични документи.
„Се апелира до сите граѓани кои имаат било какви сознанија или информации поврзани со неговото движење или моментална локација, веднаш да се јават“, наведуваат од семејството. Контакт телефон за информации: 075 245 187.
Од полицијата информираат дека вчера во 13:30 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека од домот се оддалечило лице на возраст од 32 години.






