Трамп првично зборуваше за чувство на заедништво со новинарите кои го пречекаа на традиционалната вечера и кои, заедно со него, поминале низ почетната паника кога вооружени припадници на безбедносните служби влегле во салата.
Сепак, кога О’Донел го цитираше наводниот манифест на осомничениот напаѓач Кол Ален за време на интервју, снимено во Белата куќа во неделата: „Повеќе не сум подготвен да дозволам педофил, силувач и предавник да ми ги валка рацете со своите злосторства“, Трамп, кој дотогаш одговараше смирно, реагираше бурно.
„Чекав да го прочитате бидејќи знаев дека ќе го направите тоа, бидејќи вие сте ужасни луѓе. Ужасни луѓе“, рече Трамп. „Да, тој го напиша тоа. Јас не сум силувач. Не сум силувал никого.“
🚨OH – MY – GOD!!! Trump has a total MELTDOWN and loses his freaking mind live on 60 Minutes.
He literally shouts:
“I’M NOT A PEDOPHILE.”
“I’M NOT A RAPIST.”
“YOU’RE A DISGRACE.”
Trump snapped when the reporter read part of the shooter’s manifesto, but here’s the thing:… pic.twitter.com/lIfsq8s7Gv
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) April 26, 2026
О’Донел праша: „Дали мислите дека мислел на вас?“
Претседателот го игнорираше прашањето и одговори: „Јас не сум педофил“.
Трамп, исто така, бурно реагираше на она што се чинеше дека го сфати како алузија на неговата врска со Џефри Епстин, иако не беше споменат ниту во манифестот ниту во прашањето на новинарот.
„Читате глупости напишани од некоја болна личност“, рече тој. „Ме поврзуваат со работи што немаат никаква врска со мене. Целосно сум ослободен од обвиненијата.“
Непосредно пред тоа, О’Донел го праша дали мисли дека искуството од вечерата ќе го промени неговиот однос со медиумите. Тој одговори неодредено, тврдејќи дека медиумите главно се наклонети кон левицата и против неговите политики за имиграција и криминал.
Сепак, неговиот остар одговор што следеше даде многу појасен увид.
„Треба да ви биде срам што го читате тоа, затоа што јас не сум ништо од тоа“, рече Трамп. „Тоа не би требало да се чита во емисијата ‘60 минути’. Вие сте срам“.






