Според полицијата на вчера наутро во СВР Скопје, од Клиникиот центар „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 20 април нешто пред пладне кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 80 годишниот Н.М. од село Љуботен, скопско.
„Според пријавеното, со повредите се здобил во двор, додека го поправал неговиот трактор, кој се придвижил и го прегазил. На 25 април 2026 година во шест часот Н.М. починал, а телото на починатиот е предадено за обдукција“, соопштија од МВР.






