недела, 26 април 2026

Играч на Ајакс со перфектен слалом даде страшен соло-гол (ВИДЕО)

Фудбалерот на Ајакс, Мика Годтс, постигна спектакуларен погодок во победата од 0-2 на гостувањето кај Бреда во холандското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Младиот офанзивец во 41. минута изведе вистинска мајсторија, откако ја презеде топката од средината на теренот, се проби кон противничкиот гол и со одлична индивидуална акција ја матираше целата одбрана, како и голманот Даниел Биелица.

Неговиот погодок веднаш стана хит на социјалните мрежи и привлече големо внимание кај фудбалската јавност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ