недела, 26 април 2026

Откако му се слошило во возење, кичевец излетал од патот и загинал

Вчера попладне во полициската станица (ПС) Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на село Видрани, од патот излетало патничко возило фолксваген поло со кичевски регистарски ознаки, управувано од 62 годишниот Т.С. од село Другово,кичевско.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а по кажување на сопругата на возачот, која била во возилото, Т.С. се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излегол надвор од коловозот. По насоки од јавен обвинител, телото е дадено за обдукција“, се наведува во билтенот на МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ