понеделник, 27 април 2026

Гинисов рекорд за најдолго тирамису во светот соборен во Лондон (ВИДЕО)

Сто италијански готвачи се собраа во Градското собрание на Челзи во саботата и неделата за да направат тирамису доволно долго за да го соборат претходниот рекорд поставен од Галбани во Милано, кој изнесуваше 273,5 метри.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според правилата на Гинисовата книга на рекорди, тирамисуто што поставува рекорд мора да се направи и состави во живо на местото на настанот. Биле искористени 50.000 бисквити и повеќе од 3.000 јајца, пренесува Би-би-си.

Рекордот беше срушен кога десертот достигна должина од 440,6 метри.

Мирко Рици, човекот зад обидот за соборување на рекордот на Лондон, првично го држеше рекордот во 2017 година во Италија, но беше соборен од друг италијански тим во 2019 година.

Рици рече дека тирамисуто е „најневеројатниот десерт што Италија го извезла“, додавајќи дека готвачите одлучиле обидот за рушење рекорд да го организираат во Обединетото Кралство, а не во Италија, како начин да ѝ се заблагодарат на Велика Британија.

Тој додаде дека џиновскиот десерт е направен во чест на кралот и кралското семејство. Бил украсен со златна круна одозгора.

Рици им се заблагодари на сите кои учествуваа на настанот кој траеше цел викенд, додавајќи: „Ова е рекорд за нас“.

Готвачот Кармело Карневале рекол дека тирамисуто морало да биде високо најмалку 8 см и широко 15 см за да се сруши рекордот.

На прашањето што го прави тирамисуто да биде добро, Карневал рекол: „Многу добро кафе, убав и цврст крем, и многу страст.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ