„Црвено-црните“ рано поведоа преку Цветковиќ, а до паузата погодија и Закариќ, Велковски и Јанкулов за водство од 4-0. Гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Тасев. Тоа дополнително ја олесни задачата за домаќините, кои во второто полувреме преку хет-трикот на Омерагиќ го поставија конечниот резултат. Капитенот го одбележа и својот 100. настап во дресот на Вардар.
Важни бодови во битката за опстанок освои Пелистер, кој славеше со 0-1 на гостувањето кај Брера во Струмица. Стрелец на победничкиот гол беше Мирко Ивановски од пенал, додека херој беше голманот Јовчевски кој одбрани удар од белата точка на Михајлов.
Натпреварот го одбележа и повредата на Ивановски, кој по еден дуел мораше со амбулантно возило да биде пренесен во болница.






