понеделник, 27 април 2026

Ангела Мојсовска се повлекува од настап на Европското карате-првенство

Една од најуспешните македонски каратистки, Ангела Мојсовска, која беше прогласена за најдобра каратистка за 2025 година, како и една од најдобрите спортисти на град Скопје, објави дека нема да настапи на претстојното Европско првенство иако за тоа обезбеди норма.

Објавено на

часот

Сподели

Мојсовска, долгогодишна репрезентативка на Македонија и носителка на бројни признанија и член на карате клубот „Макпетрол“ истакна дека одлуката ја донела по внимателно размислување и врз основа на своето искуство од настапите на меѓународната сцена. Таа нагласи дека и покрај тоа што на последното државно првенство повторно освоила прво место, како во поединечна така и во екипна конкуренција, сепак, решила да се повлече од настапот на Европското.

Како главна причина за ваквиот чекор, Мојсовска го посочува незадоволството од начинот на кој била водена репрезентацијата од актуелниот селектор, особено за време на последното Светско првенство и претходните натпревари организирани од Светската карате федерација. Според неа, пристапот во водењето на тимот не бил на соодветно ниво, што во одредени ситуации имало директно влијание врз конечните резултати, па дури и можноста за освојување медал.

– За секој спортист е клучно да има доверба и професионален однос со оние кои го водат тимот. Во овој момент, тие услови за мене не се исполнети, истакнува Мојсовска и додава дека ваквата состојба се одразила и врз резултатите на женскиот тим, при што, како што наведува, не биле постигнати очекуваните успеси.

И покрај одлуката да не настапи, Мојсовска потенцира дека останува посветена на спортот и на Македонија. 

– Мојата љубов кон каратето и кон татковината останува непроменета. Се надевам дека во иднина ќе се создадат услови во кои повторно ќе можам да ја претставувам Македонија на начин каков што заслужува. И покрај тоа што на последното Државно првенство повторно го освоив првото место во поединечна и екипна конкуренција, донесов лична одлука да не настапам на следното Европско првенство.

Оваа одлука произлегува од моето лично искуство за време на последното Светско првенство, но и сите претходни натпревари организирани од Светската Карате Федерација , од начинот на кој беше водена селекцијата и раководен тимот од страна на селекторот. Сметам дека пристапот на водењето, како во поединечниот, така и во екипниот дел, не беше на нивото кое го заслужува еден репрезентативен тим, што во одредени моменти, според моја процена, директно влијаеше врз конечниот резултат и можеше да не чини и медал. Поради тоа женскиот тим, голем број поединци меѓу кои и јас не забележавме многу повисоки резултатски постигнувања. За секој спортист е клучно да има доверба и професионален однос со оние кои треба да го водат тимот, а во овој момент тие услови за мене не се исполнети, стои во изјавата на Мојсовска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ