недела, 26 април 2026

Пред дербито со Партизан, „Маракана“ го поздрави Митко Стојковски (ВИДЕО)

Црвена звезда денеска со 3-0 го победи Партизан и ја освои 37. шампионска титула, а специјален гостин беше поранешниот македонски фудбалер, Митко Стојковски.

Објавено на

часот

Сподели

Стојковски пред почетокот на дуелот излезе пред навивачите и беше поздравен со големи овации. Во тие моменти од стадионот одекнуваше и песната „Ѓурѓевдан“ во знак на јубилејното стото дерби на кое Стојковски беше херој со изнуден пенал и гол.

Тој за Црвена звезда играше од 1991 до 1995 година, одигра преку 120 натпревари, а ја носеше и капитенската лента.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ