среда, 22 април 2026

Порше 911 растурено на делови на улица во Лос Анџелес (ФОТО)

Сцена која обично се гледа само на автомобилските отпади била затекната во Лос Анџелес, каде што крадци расклопиле порше 911 карера од генерацијата 992 до непрепознатливост. Очигледно, „бизнисот“ со делови станува сè попрофитабилен.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Внимавајте внимателно каде го оставате вашето возило. Добар пример е скапиот спортски автомобил, од кој останала само голата каросерија со делови од инструмент таблата, што укажува дека крадците имале за цел да продадат поединечни делови, чија вкупна вредност честопати ја надминува цената на целото возило.

Според медиумските извештаи, црното порше 911 карера кабриолет било толку темелно растурено што минувачите на почетокот дури и не препознале дека е порше. Полицијата ја пронашла само празната школка од возилото. Сите вредни компоненти биле отстранети, од шестцилиндричниот боксер мотор и менувачот, до воланот, целиот ентериер и бројни делови од каросеријата.

Овој случај отскокнува од вообичаените кражби на автомобили дури и за град како Лос Анџелес, познат по вакви дела, поради многу систематскиот пристап на крадците. Инцидентот јасно покажува дека дури и современите безбедносни мерки, како што се ГПС следење или блокирање на палењето на моторот, не гарантираат целосна заштита од професионални банди.

Очигледно е дека организираните групи пронашле начини да ги заобиколат сите форми на заштита и целно да крадат скапи возила со цел да ги продадат нивните делови на црниот пазар.

Кај моделот порше 911, особено се бара вредниот мотор, менувачот, делови од каросеријата и ентериерот. На крајот, од украденото возило останала само економска тотална штета, што е драстичен пример за организацијата и ефикасноста на современите кражби на автомобили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ