недела, 26 април 2026

Стрипови од Златко Крстевски на изложби во Кичево и во Јапонија

Самостојна изложба на современ стрип и уметничка карикатура насловена „Дистописки светови“ на Златко Крстевски ќе биде отворена во ликовната галерија НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево во рамките на манифестацијата Кичево град на културата. Изложени ќе бидат 100 оригинални дела во галериски формат работени во техника лавиран цртеж и акварел.

Објавено на

часот

Сподели

„Дистописките светови започнуваат од поединецот за да го истражи општото и покренува критички прашања за нашето заедничко живеење, за нашето функционирање како општество, следејќи го западниот сон, тоталитаризмот, технолошката контрола, разните еколошки катастрофи и губење на човечкиот идентитет и човековите права“, вели Крстевски
Седум дела од стрип авторот Крстевски се дел од изложбата „Манга Пандемик“ организирана од Кјото, меѓународен Манга музеј во Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ