понеделник, 27 април 2026

Осум Бразилци од Премиерлигата се суспендирани по барање на Бразилската федерација, за еден е направен исклучок

Објавено на

часот

Сподели

Дел од премиерлигашките клубови одлучија да не ги пуштат фудбалерите од Јужна Америка да играат за своите репрезентации бидејќи кога ќе се вратат ќе треба да одат во карантин.
 
На Бразилската фудбалска федерација не ѝ се допадна тоа, па побара од ФИФА тие фудбалери да бидат суспендирани.
 
Исклучок е направен само за Ришарлисон поради неговиот добар однос со Фудбалската федерација на Бразил. Тој настапи и на Копа Америка и на Олимписките игри во Токио.
 
Суспендирани за престојното коло во Премиерлигата ќе бидат: Алисон, Фабињо, Фирмино, Едерсон, Габриел Жесус, Рафиња, Фред и Тијаго Силва.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ