Во последниот ден од летниот преоден рок, Барселона го испрати Антоан Гризман во Атлетико Mадрид и го ангажираше Лук де Јонг од Севиља.
Роналд Куман сега открива дека уште минатата година предложил „каталонците“ да го купат неговиот сонародник.
„Лук е поразличен тип на напаѓач од оние кои ги имаме, и мислам дека секој клуб треба на располагање да има ваков профил на напаѓач. Уште минатата година предложив да биде ангажира. Едноставно сакам во одредени натпревари да променам некои работи во нападот. Доколку натпреварот бара момче како Лук, тогаш тој ќе игра. Мората да имате план А и план Б. Да, можеби тој не е Нејмар, но е поопасен од Нејмар кога има нафрлени топки“ – вели Роналд Куман.






