понеделник, 27 април 2026

„Кога играте за земја од Африка знаете дека се може да се случи, но кој да очекува воен удар!“

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов викенд сите погледи на фудбалскиот свет беа насочени кон Сао Пауло, каде се случи циркуз на мечот помеѓу Бразил и Аргентина. Здравствените власти и полицијата влегоа на терен да уапсат и депортираат четворица фудбалери на „гаучосите“ поради прекршување на правилата за ковид-19.

Ситуацијата беше многу подраматична во Африка, поточно на мечот помеѓу Гвинеја и Мароко. Во Гвинеја имаше воен удар, промена на власта со вооружени судири и голема тензија.

Гостите едвај стигнал до аеродромот, кој бил блокиран како и поголем дел од патиштата. Софијан Амрабат, сега проговори за случувањата кои тој и неговите соиграчи од Мароко ги искусиле.

„Кога играта за земја од Африка, знаете дека се може да е случи, но кој очекува дека ќе се најдете среде воен удар“ – вели Амрабат, кој е роден во Холандија и целата своја кариера ја помина во Европа.

„Во неделата наутро, Адел Тарабт ме праша дали сум слушнал истрели. Во прв момент на шега му реков дека сигурно било огномет, бидејќи ова често се случува кога гостувате. Но потоа на интернет прочитавме дека работата е сериозна“.

„Моето семејство беше загрижено, сите ни пишуваа и не прашуваа дали сме добро“.

„Натпреварот не беше одложен иако на сите ни беше јасно дека нема шанси да се игра. Но се додека не пристигна официјална потврда, моравме да бидеме професионалци“.

„Страшно е кога ќе слушнете истрели, потоа молк, па повторно истрели“. 

„Авионот не чекаше на аеродром, но војската која ја превзеде власта го блокираше пристапот до аеродромот како и поголемиот дел од патиштата“.

„Дури откако интервенираше кралот на Мароко, со војска бевме испратени до аеродромот. Беше страшно да се гледа како воени возила го пратат автобусот“.

„Само откако се вративме во Мароко увидовме колку била сериозна ситуацијата, и разбирам зошто дома моите биле загрижени“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ