Интересно, веќе трет меч по ред, Новак Ѓоковиќ го губи првиот сет, а потоа многу лесно доаѓа до победата.
Овојпат Беретини со 7-5 го доби првиот сет, а во следните три Ѓоковиќ беше подобар со 6-2, 6-2 и 6-3.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Александер Зверев кој со 3-0 го победи Харис.
Во другото полуфинале играат Оже Алиасим и Медведев.






