понеделник, 27 април 2026

Ако СП се игра на две години европските земји може да го бојкотираат

Објавено на

часот

Сподели

Арсен Венгер кој сега работи во ФИФА, изработува студија за одржување на Светското првенство на две години. Тоа е по барање на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, а во ноември 2018 година слично барање добиле и од КОНМЕБОЛ.
 
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин верува дека тоа е против основните фудбалски принципи и ја критикува ФИФА за тоа што не ја консултира УЕФА пред јавно да ги објави плановите.
 
Прашан дали УЕФА би можеле да го блокира одржувањето на СП на секои две години, Чеферин одговори: „Ние можеме да одлучиме да не учествуваме на него“.
 
„Како што знам и Јужноамериканците се на иста страна со нас, па со среќа на такво Светско првенство“.
 
„Мислам дека никогаш нема да се случи бидејќи е против основните принципи на фудбалот“.
 
„Да се игра секое лето некој турнир кој трае по еден месец би било убиство за фудбалерите“.
 
„Наградата од СП е толку значајна бидејќи турнирот се игра на секои четири години, чекате за да се случи тоа. Исто како и Олимпијадата, тоа е огромен настан. Не гледам дека нашата федерација може да поддржи такво нешто“.
 
„ФИФА не зборувала ништо со нас, не ми се јавиле, не сум добил писмо, ништо. Само што имам прочитано од медиумите“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ