„Заев го предложи Сашко Николов за кандидат за градоначалник за Штип, кој се потсмева со работниците, а додека тој е градоначалник неговите роднини, газдите на Баргала даваат плата од 200 денари на напатениот народ.
За Охрид СДСМ ќе трча со Константин Георгиев, кој две години не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси.
Заев избра кадри кои се слика копија на него. Заев избра неработници, неспособни и кандидати заштитници на криминалот. Време е да се стави крај на оваа безидејност. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја покаже разликата. Време е за Македонија за сите луѓе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






