Се работи за повреда на еден од најважните офанзивци, Харис Табаковиќ. Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах се повреди на натпреварот против Хофенхајм во Бундеслигата и мораше предвреме да го заврши мечот. Иако успеа да постигне гол, Табаковиќ во 34. минута го напушти теренот со видливи болки и грчеви, што веднаш предизвика загриженост кај навивачите на Босанците.
Според првичните информации, фудбалерот во следните денови ќе оди на дополнителни лекарски прегледи по кои ќе биде познат точниот степен на повредата. Сепак, стравувањата се дека би можел да го пропушти Мундијалот, што би било сериозен удар за селекторот Сергеј Барбарез.
Табаковиќ зад себе има одлична сезона во германскиот шампионат со 13 постигнати голови и се очекуваше да има една од главните улоги во нападот на Босна и Херцеговина на најголемата фудбалска сцена.






