Од Влен велат дека тие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ.
„Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се крие зад младите за преку мала врата да се врати на власт. 20 години ДУИ имаше министри, пратеници, претседател на Собрание, технички премиер, директори и апсолутна власт. А правосудниот испит на албански јазик не го средија никогаш, туку само оставаа пречки и кочници. Истите тие што молчеа сите овие години, сега ги пуштаат децата на своите функционери по протести. Прашањето е едноставно. Против кого протестираат? Против сопствените родители?“, прашаа од Влен.






