„Добар и конструктивен разговор во Скопје со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата на Северна Македонија. Разговаравме за понатамошно зајакнување на соработката меѓу Србија и Северна Македонија, зачувување на стабилноста во регионот, зближување на нашите народи и соработка меѓу Српската напредна партија и ВМРО-ДПМНЕ. Добрите односи, меѓусебната почит и соработката се важни за иднината на целиот регион“, напиша Вучевиќ.

За средбата со Вучевиќ преку својот фејбук-профил информираше и Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и вицепремиер.
„Разговаравме за клучни прашања од значење за положбата на српскиот народ во Македонија, подобрувањето на институционалната соработка со татковината, како и понатамошниот развој на економскиот и културниот потенцијал на двете земји.
Посебен сегмент од разговорот беше посветен на економската поврзаност и регионалните иницијативи. Се согласивме за важноста на понатамошната модернизација на граничните премини, со акцент на преминот Прешево-Табановце, со цел намалување на времето на чекање и забрзување на транспортот. Фокусот на средбата беше зачувувањето на културниот, јазичниот и националниот идентитет.
‘Нашата цел е да ѝ обезбедиме на српската заедница во Северна Македонија силна основа во татковината преку конкретни проекти, подобра инфраструктурна поврзаност и поддршка на економијата. Во исто време, со градење партнерства со Скопје, создаваме стабилен и економски развиен Балкан во кој младите ја гледаат својата иднина’, рече г-дин Милош Вучевиќ“.






