Нашата репрезентација има огромна предност од првиот дуел. Избраниците на Кирил Лазаров славеа на гостински терен со убедливи 24-31 и направија голем чекор кон нов настап на големата сцена. Македонија одигра одличен меч во Словачка, атмосферата во репрезентацијата е позитивна, а очекувањата се дека ракометарите без поголеми проблеми ќе ја завршат задачата.
Сега, пред домашната публика, Македонија треба само да ја потврди визата за Мундијалот и да обезбеди учество на 16. големо натпреварување во низа и десетто Светско првенство во историјата.
Навивачите повторно се очекува да бидат силен адут на трибините и да помогнат Македонија уште еднаш да биде дел од светската ракометна елита.






