Вчера напладне во полициската станица Тетово, Б.Р. од село Доброште пријавил дека три лица – А.С., А.М. и С.П., кои биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран престој во државата, се оддалечиле во непознат правец. Според пријавата, кога отишол да ги земе за превоз до работните места, било утврдено дека тие си заминале без претходно известување.
Претходно, во полициското одделение Жеровјане, И.Ј. од село Челопек, вработен во земјоделска задруга, пријавил дека од задругата се оддалечиле две лица – државјани на Бангладеш, идентификувани како К.А. и П.Д.
И тие биле легално вработени и имале регулиран престој, но според пријавата, истиот ден си заминале без да ги известат одговорните во задругата.






