недела, 17 мај 2026

Две српски и една црногорска претстава на третиот ден од фестивалот ДАФ во Кочани

Три претстави, сите во вечерни термини, ќе бидат одиграни денеска на 63. Драмски аматерски фестивал на Македонија. Трите претстави се на гости од странски театри. Програмата на третиот фестивалски ден ја отвора Драмското студио од Ниш, Србија. Пред кочанската публика на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“ тие ќе настапат со „Драги дневниче“, режисерско остварување на Андрија Митиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Во 20 часот следува „Кад бајка постане наша“,  уште една претстава на Драмско студио од Ниш режирана, исто така, од Андрија Митиќ.

Вечерашната програма од  ДАФ завршува во 21 часот со претставата  „Јесен у мом крају“ на Сојузот за деца и млади – Куча од Подгорица, Црна Гора.

Синоќа на Фестивалот можеа да се погледнат две претстави – „Грета“ на Театарот „Бора Станковиќ“ од Врање и „Женидба“ на Училишниот  тетар „Од игра до претстава“ од Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ