недела, 17 мај 2026

Низа напади во Скопје, малолетничка претепана во автобус, нападнато и 11-годишно дете

Вчера во СВР Скопје биле пријавени повеќе случаи на физички напади на различни локации низ градот.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа, З.Ѓ. пријавил дека во автобус број 53 на ЈСП Скопје, неговата 16-годишна ќерка била физички нападната од женско лице идентификувано како Е.З. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Претходно, 41-годишната М.Ј. од Скопје пријавила дека во парк во Ѓорче Петров, на нејзиниот 11-годишен син му пришле двајца малолетници и му побарале пари. Откако им кажал дека нема, тие физички го нападнале и му го оштетиле велосипедот.

Истиот ден, 24-годишниот Ѓ.К. од Скопје пријавил дека додека извршувал работни задачи во продажен објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговиот колега Л.С. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во уште еден случај, вчера попладне, 38-годишниот С.Б. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од едно лице.

Полицијата работи на расчистување на сите пријавени случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ