Бизарна сцена се случи на натпреварот меѓу Реал Сирети и Огузспорт во четвртфиналето од плејофот во Втората лига на Молдавија, каде домашниот состав славеше со убедливи 5-2.
Во момент кога домашниот тим напаѓаше, топката беше испратена во шеснаесетникот, а таму на тревникот лежеше Валентин Ребеја кој претходно остана на земја по дуел.
Додека голманот тргна кон својот соиграч за да види во каква состојба е. Останатите фудбалери практично запреа мислејќи дека играта ќе биде прекината, никој не забележа дека топката се одби токму од Ребеја и заврши во мрежата за еден од најчудните автоголови во историјата на фудбалот.






