Бугарија со освоени 516 поени победи на годинешното издание на „Песна на Евровизија“ со песната „Бангарaнга“.
Песната со која пејачката Дара ја освои победата на Евровизија, го спојува современиот поп звук со древни бугарски ритуали.
„Бангаранга“ носи многу специфична симболика. Името доаѓа од јамајканскиот сленг и означува врева, бучава и хаотична енергија, но во позитивна смисла.
„Тоа е поп-песна со фолклорни призвуци“, рече Дара.
На второ место е Израел со 343 поени. Во моментот кога се најдоа на првото место, дел од публиката негодуваше.
Третото место го освои Романија, која доби 269 поени, Австралија беше на четвртото место со 287 поени, а Италија доби 281 поен и се најде на петтото место.
На последното место е Велика Британија со само еден освоен бод.






