Во фокусот на дневниот ред е изборот на нов претседател на Друштвото, по претходно распишан конкурс, како и изборот на нови членови на Управниот одбор, Уметничкиот совет и Надзорниот одбор. Гласањето за новото раководство ќе биде тајно.
На Собранието ќе бидат разгледани и извештаите за работата на актуелното раководство за изминатиот мандат. Пред членовите ќе се најдат извештаите на претседателката проф. д-р Јана Манева-Чупоска и на Управниот одбор, како и извештајот за работата на Уметничкиот совет, поднесен од претседателката проф. д-р Маја Рауник Кирков.
Предвидено е да биде разгледан и извештајот за работата на Надзорниот одбор, како и да биде усвоен записникот од последното годишно Собрание одржано во 2025 година.






