Според извештајот, Вашингтон исто така одбива да му плати каква било отштета на Иран, бара Техеран да им предаде 400 килограми ураниум на САД и нема намера да ослободи ниту 25 отсто од замрзнатиот ирански имот.
Како последен услов се наведува дека секој прекин на огнот на сите боишта зависи од исходот на преговорите.
Од друга страна, Иран како клучни услови за договор ги наведува завршување на војната на сите фронтови, вклучително и Либан, укинување на санкциите и ослободување на својот замрзнат имот.
Техеран исто така бара надомест за воената штета и „признавање на иранскиот суверенитет над Ормускиот теснец“.
Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел во февруари почнаа напади врз Иран.
Техеран одговори со напади врз Израел и американските сојузници во Заливот, како и со затворање на Ормускиот теснец.
Примирјето, со посредство на Пакистан, стапи во сила на 8 април, но преговорите во Исламабад не доведоа до траен договор.
Американскиот претседател Доналд Трамп потоа го продолжи примирјето на неопределено време.






