недела, 17 мај 2026

Елмас асистент за Наполи на клучен дуел во битката за местото во ЛШ (ВИДЕО)

Ељиф Елмас по два месеци пауза пак има учинок во еден од головите на Наполи.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот репрезентативец го намести вториот погодок на неговиот тим на гостувањето кај Пиза. Елмас одлично нафрли од корнер, а највисок во скокот беше Амир Рахмани кој со удар со глава ја затресе мрежата за сигурна предност на Наполи.

За Елмас ова беше трета асистенција во италијанското првенство оваа сезона. Претходно запиша асистенции и против Рома и Интер, а еднаш асистираше и во Лигата на шампионите на мечот против Копенхаген.

Македонецот сезонава има и еден постигнат гол, и тоа против неговиот поранешен клуб Торино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ